Фондацијата „Ефето арте“ ѝ додели награда за кариера во уметноста на Марија Павловска

Сподели

 

Уметницата Марија Павловска е добитничка на наградата за уметничка кариера на италијанската фондација „Ефето арте“ која се доделува на уметници за уметничката вредност со која се истакнале низ годините во областа на визуелните уметности на меѓународно ниво.

Селектори и куратори на проектот се Салваторе Русо (експерт за уметност на светската сцена на уметност) и Франческо Саверио Русо (историчар на уметноста).

Како што информира авторката, церемонијата на доделувањето на наградата се одржала на 16 септември 2023 година во Казино-театарот во Сан Ремо, во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста.

Марија Павловска е современа уметница која континуирано е присутна на европската современа уметничка сцена и е активна на меѓународно ниво во САД и во Азија. Освен дома, изложувала во: Белград, Виена, Берлин, Париз, Њујорк и други места.