Се одржа вториот ден од Форумот за Родово одговорно буџетирање

Сподели

 

Денес, 20-ти октомври се одржа вториот ден од дводневниот Форум за Родово одговорно буџетирање под наслов “Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Молдавија”, заедничка иницијатива во рамки на проектите „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија Мрежата за родово одговорно буџетирање поддржана од Австриската развојна агенција (ADA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), со дополнителна поддршка од Централно европската иницијатива – CEI.   

 

 

Денешниот настан отвори дискусија за на развој на методолошки идеи за родово-одговорно буџетирање за подобро информирање за активностите за ублажување и адаптација на климатските промени, како и важноста од вклучување родовата перспектива во политиките и буџетирањето за национален, регионален и локален развој.  

Се одржаа четири панел дискусии со еминентни говорници од Западен Балкан и Европа.            

 

 

Првата панел дискусија започна со прашањето “Дали се трудиме да го намалиме родовиот јаз или да го зголемиме?”. Преставник на општинскиот менаџмент на Барселона и претставничка од одделението за родово буџетирање на Градот Виена презентираа искуства и добри практики од употребата на концептот на родово одговорно буџетирање на локално ниво и придобивките кои ги има врз локалните заедници. Оттука, заклучено беше дека е потребна поголема политичка волја за воведување и употреба на концептот на родово одговорно буџетирање, како и внесување на родовата перспектива во локалните политики и буџети. Се потенцираше важноста и потребата од родово разделени податоци и родови статистики кои укажувааат на причините за ниската вклученост на жените во процесите на одлучување, но и поголем ангажман од страна на граѓанските организации во следењето на трошењето на јавните средства. 

 

 

Во фокус на втората панел дискусијата беше важноста од вклучување на родовата перспектива во политиките и буџетирањето за национален, регионален и локален развој. Секоја национална, регионална и локална политика за развој опфаќа инвестициска политика која има за цел да ги намали економските, социјалните и територијалните разлики. Затоа, потребна е поголема вклученост на жените на сите нивоа со цел да се овозможи да се истакнат прашањата кои нив директно ги засегаат. На тој начин да се придонесе кон создавање еднакви можности за развој и поволно деловно опкружување. 

 

 

На третиот панел се отвори темата за  финансирање на климатските промени и климатска правда. Ефектите од климатските промени различно влијаат на жените и мажите. Улогите на жените и мажите во мерките за адаптација и ублажување за справување со климатските промени се разликуваат. Панелистите разговараа за клучните стратегии и методологии користење на алатките за родово одговорно буџетирање за унапредување на родово-трансформативно финансирање на климатските активности кои ќе придонесат за поправеден свет. 

 

 

Последниот панел отвори дискусија за родово одговорните програми и буџети за отпорност во услови на криза. Оттука, родовата компонента треба да биде опфатена во програмите за кризи и кризни состојби со цел да се зголеми социјалната вклученост и да се подобрат еднаквоста. Истото ќе се постигне со проучување на системската природа на односите на моќ и нивната распространетост и адаптација со текот на времето, како и одговорите на поединците, заедниците и институциите на негативните ефекти на климатските промени. 

 

 

На форумот беа присутни повеќе од 90 претставници на меѓународни организации, активисти од ГОи, владини претставници и други засегнати страни.  Целта на форумот беше да се придонесе кон унапредување на политиките и буџети за одговор на различните потреби на жените и мажите, особено во услови на криза, преку унапредување на доброто владеење на локално и регионално ниво со користење на алатките за родово-одговорно буџетирање.