„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во НОБ

Сподели

 

Една од најомилените претстави на македонската публика, операта „Травијата“ од Џузепе Верди, ќе биде изведена вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20:00 часот.

Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), а кореограф е Саша Евтимова.

Ќе настапат: Наде Талевска, Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.