Српскиот тенисер Новак Џоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот од серијата 1000 во Париз.
Тој во полуфиналето во три сета по голема борба која траеше повеќе од три часа го совлада петтиот светски играч Андреј Рубљев од Русија.
Ноле деновиве не беше „заљубен“ во јавноста во Париз, која со незадоволство го следеше секој негов потег.
На крајот од мечот, по пласманот во финалето, Новак гестикулираше кон публиката, „замоли“ да ги чуе, а потоа им ја покажа својата „машкост“.
Џоковиќ денеска во финалето од 15 часот ќе игра против бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Тој претходно го победи Гркот Стефанос Циципас исто така со 2-1 во сетови.
The post (ВИДЕО) По голема борба Новак избори финале на мастерсот во Париз first appeared on .
The post (ВИДЕО) По голема борба Новак избори финале на мастерсот во Париз appeared first on .
Powered by WPeMatico