Изложба на досега неизложени дела од Борко Лазески (1917-1993)

Сподели

 

По повод 30 годинината од смртта на големиот македонски ликовен уметник Борко Лазески, ја најавуваме изложбата на досега неизложени дела, изработени од 1937 до 1950 година. Изложбата ќе биде отворена на 10 ноември, петок во 19:00 часот, во семејната куќа на авторот, ул. Отон Жупанчиќ 15, Скопје.

Неизложувани дела на Борко Лазески, зачетник на првата повоена генерација на академски образувани уметници во Македонија, ќе бидат на око на јавноста во петок 10 ноември, во неговата семејна куќа.
Циклусот претставува значаен дел од искуството на авторот и нуди преглед на неговата уметничка перцепција во тој период. Делата го одразуваат талентот и креативноста и неговата способност да ги фиксира деталите во своето искуство.

Борко Лазески,запишува Ликовна школа во 1933/34 година во Белград, а студиите ги продолжува на Ликовната академија во Белград, а поради војната ги завршува на Државната уметничка академија во Софија, во 1943 година.

Во почетокот на 1945 година учествува во формирањето нма уметничката школа во Скопје и е еден од оснивачите на Друштвото на ликовните уметници на Мекедонија (ДЛУМ).
Како стипендист на француската влада во 1945 година се запишува на париската Висока национална школа за ликовна уметност (École Nationale Supérieure des Beaux-Arts), во одделот за фрескосликарство. Тука ги студира монументалните техники, што подоцна ќе станат негова уметничка определба. Во текот на двегодишниот престој во Париз, Борко Лазески работи во атељето на францускиот уметник и теоретичар Андре Лот (Andre Lot), кој има клучна улога во оформувањето на ликовниот стил на Лазески како автор.
Тој е прв ВД директор на Уметничката галерија во Скопје (1948 година).
„Уметничкото наследство на Борко Лазески има трајно влијание врз македонската визуелна уметност и се смета за пионер во македонската модерна. Тој зад себе оставил богат опус на творештво кој го одразува неговиот креативен развој и влијанието на времето и средината во која творел. Неговото творештво се одликува со различни стилови, а неговите дела истражуваат и прикажуваат различни аспекти на македонската култура и идентитет“ – вели Марија Коробар куратор на изложбaта.