Положување цвеќе по повод 13 ноември-Денот на ослободување на Градот Скопје

Сподели

 

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Хусни Исмаили, во состав на Снежана Калеска-Ванчева и Тони Јаревски, денес ќе положат венци свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел.

Исто така, делагацијата ќе положи цвеќе во Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски во Бутел, а потоа и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија.