Владина делегација оддаде почит во чест на загинатите македонци од поранешната ЈНА

Сподели

 

 

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ загинаа 54 граѓани кои потекнуваа од нашата држава, а настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година и ги положија своите животи, извршувајќи ги своите уставни и законски должности.

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции.