Денеска се одбележува Светскиот ден на предвремено родените деца – 17 Ноември. Владата се приклучува кон одбележувањето на овој ден, со цел да се подигне свеста за предизвиците и за товарот на предвременото породување и како да се овозможат најдобрите здравствени услови за предвремено родените деца да преживеат и да напредуваат.
Разбирајќи ја потребата за соодветна грижа на предвремено родените деца, Владата посветено работеше и продолжува да работи на обезбедување на сите неопходни услови во здравствените установи за да се излезе во пресрет на потребите на овие деца.
Во последниве пет години за пет пати е намалена смртноста на прематурусите, односно од 25 отсто во 2016 година на 5,6 отсто во 2023 година, што се должи и на сериозните напори на Владата за инвестирање во подобрување на условите во здравствените установи.
Трендот на зголемени вложувања во капиталните инвестиции во здравствениот сектор и стимулирање на работата на вработените во јавните здравствени установи со зголемени плати ќе продолжи и понатаму.
Еден од врвните приоритети на Владата е создавање на соодветни услови за здрав и квалитетен живот на сите наши граѓани.