Jавно наддавање на дел од имотот на Мијалков

Сподели

 

Агенцијата за управување со одземен имот денеска од 9 до 12 часот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“. Имотот ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање.

“Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба”, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Агенцијата за управување со одземен имот претходно успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“. Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра, информираа од Агенцијата.