ЗОО Скопје: Почина зоонегувателот Ристе и Флопи жирафата, за кој тој се грижеше

Сподели

 

 Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО.  Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега, зоонегувател Ристе Трајковски. Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот.

“Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје.”

За трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи – една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе.

Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност