Премиера на музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во Данска

Сподели

 

Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, „Rosforth“ и „Rumraket“, ќе биде на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска.

Музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд“ претставува патешествие на данскиот бенд „Ефтеркланг“, кој е во потрага по македонски музичари.

Премиерата на филмот ќе биде проследена со концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во кој членуваат 22 македонски музичари, односно 16 хористки од Женскиот младински хор при МКЦ и музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Во рамките на концертот ќе бидат отсвирени најпознатите песни од бендот „Ефтеркланг“, но и македонски песни и џез-стандарди во препознатливиот народен ритам.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура, „Rosforth“ и „Rumraket“.