“Молитви на моето тело“ балетски триптих по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

Сподели

 

„Молитви на моето тело“ е балетски триптих што ќе се одржи премиерно на 20 декември во Националната опера и балет (НОБ) по повод 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

Идеен творец на овој мултимедијален проект е костимографот Александар Ношпал. Драматизацијата ја направи Соња Здравкова-Џепароска, која вели дека претставата се базира на циклусот „Молитви на моето тело“, кон кој е  приклучена песната „Раѓање на зборот“, и сите циклуси формираат една органска целина.

Кореографијата за балетскиот триптих е на кореографките Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова.

Во претставата настапуваат: Мими Поп-Алексова Атанасовска, Илијана Данилов, Наташа Трендафилова, Ангела Велевска, Ована Димковска, Меланија Гоцевска, Ангела Богатинова, Аманда Роча, Франциско Хименес Руис, Балаш Лочеи, Игор Веланоски, Ендру Кук, Веселин Трајковски и Алфред Јаго. Сценограф е Михајло Стојановски.

Како дополнителна содржина, во фоајето на НОБ ќе бидат отворени и две изложби: „Патот по кој чекорам“ и „Величествен поетски мост што ги поврзува сите континенти“.

Репризата ќе биде на 22 декември.