Браната на река Отиња во Штип се гради со силна динамика

Сподели

 

Министерство за транспорт и врски става силен фокус на изградба и модернизација на целокупната инфраструктура во земјата, а особено работиме на проекти од кои директен бенефит имаат граѓаните и локалните самоуправи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во градежните активности на браната на река Отиња во Штип.

 

 

Браната е инвестиција од Владата на РС Македонија во износ од преку 300 милиони денари. Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана во висина од 33 метри. Таа пред се ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во градот и интервентно дополнување на водоводниот систем со сурова вода.

Министерот Бочварски истакна дека во овој момент се работи на изградба на загатот и на бочниот преливник и дека очекува наскоро да започне изградбатаи на телото на браната.

„Разговаравме со претставници од изведувачот и надзорниот орган, кои ни ги претставија активностите кои се реализираат на терен при изградбата на овој огромен, капитален проект за Штип и Штипјани, проект кој наназад се збори со генерации, но токму оваа Влада обезбеди средства и истиот го гради. Предизвиците со кои се соочивме во изминатите месеци се надминуваат, а динамиката се зголемува.Темелниот испуст е веќе завршен, како и завршена е реализацијата и на инекционата завеса. Загатот на кој сега се работи е релизиран од скоро 50%, додека вкупниот прогрес на изградба на браната изнесува околу 60%.“ – изјави министерот Бочварски.

Дополнително, тој истакна дека Министерството за транспорт и врскиобезбеди околу 16 милиони евра , поддршка за реализација на инфраструктурни проекти заопштините.