Санкционирани се 202 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.