Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство

Сподели

 

Обвинителката Соња Симовска ќе биде нова в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески. Таа на функцијата ќе ја извршува до регуларното именување на републички обвинител. Симовска во понеделник ќе ја презеде функцијата од досегашниот шеф на обвинителството Јовески.

Симовска едногласно е изгласана од сите членови. Таа работела како приправник во скопското обвинителство, а потоа и како обвинителка во ОЈО Скопје. Од 2009 до 2021 била виша обвинителка во Скопје, а од почетокот на 2022 е дел од републичкото обвинителство.

“Јавната обвинителка Симовска има долгогодишно искуство и ги познава добро состојбите во Јавното обвинителство. Поседува и менаџерски способности. Сметаме дека Симовска успешно ќе ја извршува функцијата до именувањето на јавниот обвинител на РС Македонија”, изјави денеска претседателката на Совет на јавни обвинители, Душица Димитриеска.