На 30 декември, во 12 часот на пладне, во МСУ – Скопје повелете на четирите отворени изложби:
*Изложбата „Континуитети“, избор дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје.
*Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“
*Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“
*Архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“.
*Архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“.
Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организираме Матине со диџеј сет на Нино Наумов, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбата.
За најмладата публика и овој пат организираме „Детски корнер“, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.
Да го поминеме заедно претпоследниот ден од оваа година и да ја доживееме предновогодишната магија во дружење на највисоката точка во срцето на Скопје со убава музика и пијалаци, каде сите уште еднаш ќе се потсетиме на тоа дека нашиот МСУ е средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.
Настанот се реализира со поддршка на пријателите на МСУ – Тиквеш и Diners Club.