ЦИВИЛ ГИ АКТИВИРА СИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

Сподели

CIVIL logo FOR BLOG

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поздравува исходот од преговорите меѓу лидерите на четирите најголеми партии и исполнувањето на условите на политичкиот договор од 20 јули. Истиот момент кога беше објавено постигнувањето на договорот за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември, ЦИВИЛ и официјално ги активира сите капацитети за долгорочен изборен мониторинг.Воедно, ЦИВИЛ предупредува дека исполнувањето на условите од политичкиот договор за надминување на
политичката криза имаат повеќе формална природа, отколку суштинска.
Факт е дека суштински реформи не се спроведуваат, а на теренот и во медиумите беснее валкана политичка кампања. Злоупотребите, притисоците и политичката корупција не стивнуваат.

Република Македонија е исправена пред сериозни предизвици во претстојниот период. ЦИВИЛ апелира до сите граѓанки и граѓани да се вклучат во напорите земјата да излезе од оваа долгогодишна криза и да го одбранат своето гласачко право.

Секој вид на политичка корупција, притисок, закана, злоупотреба или каков и да е облик на кршење на човековите права и слободи треба да се пријави.
ЦИВИЛ ќе ги алармира политичките партии и институциите и ќе ги повикува на одговорност. Политичките партии и институциите мора да преземат соодветни чекори да се спречат понатамошни нарушувања на процесот на демократизација.

ЦИВИЛ ќе ја интензивира својата комуникација со јавноста и ќе продолжи да ги објавува своите наоди од теренот на дневна основа.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани да пријават злоупотреби, злоупотреби, притисоци, дискриминација, корупција и други облици на незаконско работење кај ЦИВИЛ во секое време. Тоа може да се стори преку онлајн формуларот на www.slobodniizbori.info [2], на тел. 02 / 520 91 76, e-mail  monitor@civil.mk или лично, во седиштето на организацијата или на набљудувачите кои се овластени од организацијата, распоредени низ целата земја.

ЦИВИЛ уште еднаш ги информира сите институции во Република Македонија дека е на располагање да помогне во процесот на реформи и обезбедување услови за слободни избори, се наведува во соопштението.