Новогодишна честитка од претседателот Џафери до граѓаните
“Кога завршува тековната година, природно се навраќаме на се што поминавме.
Се прашуваме дали доволно сме работеле, сме придонеле за подобро општество, дали сме посветиле доволно време на најмилите, дали сме направиле барем едно добро дело без да очекуваме ништо за возврат, дали одлучно сме се справиле со предизвиците и сме извлекле поука. Ако одговорот е афирмативен, тогаш годината била успешна.
Нека Новата 2024 година биде книга чии страници ќе бидат испишани со убави работи, со позитивни дела, со почит и разбирање меѓу луѓето. Нека биде година во која ќе ја чувствуваме и споделуваме топлината на солидарноста, ќе веруваме и ќе рефлектираме надеж. Посакувам како граѓани на Република Северна Македонија да спроведеме успешни избори, да реализираме зголемен раст на економијата и да го изодиме заедно патот кон Европската Унија.
Во очи Новата 2024 година, Ви посакувам, добро здравје и напредок, Вам и на вашите најмили, квалитетно време поминато со вашите семејства. Mир, спокој и благосостојба во Вашите домови и во Република Северна Македонија!
Нека биде среќна и бериќетна!”