Над 10 илјади посетители на Собранието во 2023

Сподели

 

Парламентарниот институт во текот на 2023 година реализира вкупно 255 обиколки на Собранието, со вкупен број од 10.245 посетители, ученици, студенти, граѓани, странски гости и делегации.

Од овој број, во декември беа спроведени обиколки за 23 групи со вкупен број од 892 посетители.

 

 

Посетителите имаа можност да се запознаат со функционирањето и организацијата на законодавниот дом, да ги разгледаат најрепрезентативните простории и сали, да научат за историјата и за законодавниот процес. 

Обиколките ги спроведуваат професионални водичи на македонски, албански и англиски јазик и тие се бесплатни за сите посетители.

Сите кои се заинтересирани да бидат дел од организираните обиколки на законодавниот дом, може да се јават на телефонскиот број 02/3182-227 или да поднесат барање на електронската пошта на parl.inst.@sobranie.mk.