Засилени контроли на МВР – дрога, пиротехника, насилство

Сподели

 

Во текот на изминатата недела, од 25 до 31 декември, преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности  од страна на МВР, во функција на поголема безбедност на граѓаните:
 
-Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола.
 
 
 
 
-По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.
 
 
 
 
-Остварени се 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила, пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје.