Во кино-салата на Музејот на Северна Македонија, утре 10 јануари, ќе се одржи промоција на книгата „Телесност и отелотворување: иконографии на човечкото тело“ од Гоце Наумов.
Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Никос Чаусидис, а во рамките на овој настан ќе настапи и џез-составот „Next to Silence“.
Како што соопшти авторот, „Телесност и отелотворување“ ги обработува можните форми на проучување и разбирање на претставеното човечко тело во минатото.