Претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек којшто го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
На традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино- државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св. Стефан.