Во МВР снемува обрасци за патни исправи, рокот за промена да се пролонгира

Сподели

 

СДС создава хаос, во МВР снемува обрасци за патни исправи, рокот за промена да се пролонгира.

Според информациите кои ги имаме во МВР има само 40.000 обрасци, а набавката на нови е во март. Спасовски свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира и на минусни температури во редици да чека пред пунктовите на МВР, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за промена на патните исправи е целосно неразумен, затоа што до сега се сменети само половина од патните исправи на граѓаните, а другата половина не ни поднеле.

Народот не смее да пати заради неспособноста на Спасовски и Ковачевски, и заради тоа ВМРО-ДПМНЕ апелира рокот за промена на биде продолжен, во таа насока ќе поднесеме и претставка до Уставниот суд за изрекување на времена мерка за ставање вон сила на одредбата од законот за патни исправи која се однесува на крајниот рок на промена.

Заради Ковачевски и Спасовски народот е во паника, и се создава хистерија. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

ВМРО-ДПМНЕ, соопштение