Сиромашно момче од древна Индија по име Тхалиб пловел до градот Бавангар за да ги учи на писменост децата од богатите семејства. Ненадејно фатила голема бура и бродот се распарчил. Многу луѓе се удавиле. Тхалиб со надчовечки напори се обидел да спаси средовечна жена, но не му успеало. Во неговите раце му останал нејзиниот скапоцен ѓердан. На брегот тој обзнанил за ѓерданот и по некое време се појавил мажот на покојната. Сакал да го награди Тхалиб за неговите напори да му ја спаси жената, но и за чесноста. Ама тој силно одбил. „Кој присвојува неспечалено, тој го присвојува демонот Астаротх“ – одговори тој. За десетина години тој описменил бројни деца и млади, а меѓу нив и убавата Арни, која силно се вљубила во него, но тој ја игнорирал оти не припаѓал на таа висока класа. Дента кога требало да си замине за дома, растажената Арни излегла да го испрати. Тој се запрепастил од тоа што видел во неа! „Да не виде зол дух во мене“ – прашувала таа?! „Не, туку убаво ангелче што го носи ѓерданот на жената што не усеав да ја спасам“- одговорил тој видно потресен. Таа се расплакала со силен плач и се фрлила во неговата прегратка. Тоа бил ѓерданот на нејзината удавена мајка!
Но, тоа ти биле времињата кога присвојувањето на туѓото се сметало за грев, за разлика од сега кога истото се смета за вештина. Сега стана грев да си чесен! Денес, (не)одговорни градејќи свои пирамиди државата ја претворија во масовна гробница! Корупцијата на врвот на власта, и борбата за власт го наменува за таа цел. Тука обичниот граѓанин самиот се исклучува оти погрешно смета дека тоа не е негова борба. И затоа секогаш завршува на губитничката страна. Дел од нив револтирани поради не-резултати и корупција не искачат на гласање, а токму тоа треба да биде причината да гласаат. Неслучајно Бернард Шо вели дека демократијата е процес кој ни гарантира дека со нас нема да владее подобро отколку што заслужуваме.
Рака на срце, проблемот на присвојувањето на туѓото кај нас е и културолошко прашање. Ако сте горе и не правите големи пари, тогаш ќе ве сметат за чукнат, а никој не сака да биде перцепиран за таков. Фридман смета дека корупцијата е упад на власта во ефикасноста на пазарот во форма на непазарна регулатива. А има и бројни полурелигиозни теории кои корупцијата ја третираат како енергија на злото што кружи по космосот и се враќа во вид на сурова клетва и казна. Професорот И. Маркеш вели дека што повеќе доцни таа енергија, нејзината разорна моќ расте (ефект на лавина). Тој мисли дека соодветна казна ги стаса и сите кои молкум или пасивност ја толерираат таквата појава. Но, како и да е, конечно корупција ја празни државата, која без луѓе се повеќе ја губи и основната логика за свое постоење.
Проблемот со корупцијата тука е и културолошка. Подолг период јавноста била индиферентна на грабежот оти јавните пари не ги сметал за свои! Кога почна да се отрезнува, стана веќе доцна. Бројни дворски шутови добивале свои дворови од соништата, додека „паметните“ индиферентни, во очите на нивните мајки добивле реки солзи и море од емоции. Не се вели за џабе дека лошите политичари се избираат благодарение на добрите граѓани кои не гласаат.
Корупција не е само злоупотребата на јавни пари, туку и многу повеќе. Корупција е и несоодветно селектирање и унапредување кадри. Корупција е и газењето по мерит-системот. Недостаток на елементарен мерит-систем во сите пори на општеството е најголемото зло што може да му се случи на едно општествто. Без тоа нема развој, нема образование, нема знаење, нема здравство, нема функционалност, а со тоа ќе ги снема и луѓето. Не се прави јак со слаб судија, слаб обвинител, или слаб раководител. Нивното незнаење тие го надоместуваат со послушност и заташканост!
Кога странците би престанале да мислат со некоја лажна стабилократска логика, успешен лек против високата курупција и криминалот лесно би се нашол. Рецептот за спас од корупција е едноставен и може да се реализира со петмина нивни експерти, наместо да се расфрлаат со пари, а потоа да се жалат дека се потрошени без резултати!
Секогаш кога ќе има избори, партиите на сиромашните им „наоѓаат“ богатство, на болните им „наоѓаат“ лек, на слепите вид, на разочараните излез. А потоа се продолжува по старо. Просечниот граѓанин смета дека со самиот факт што не му е направено директно зло, тоа значи дека му направено добро! Тоа е логиката на голготата! За 20 изминати години над 70 отсто од младите од Западна Македонија завршија по нормалниот свет верувајќи дека туѓата маќеа ќе го цени повеќе од неговата мајка! Таква „епидемија“ сега јаима фатено целата држава. Ваков егзодус не му успеел ниту на умноболниот Пол Пот од Црвените Кмери! Ако се продолжи вака, наскоро тука единствени резидентни жители ќе останат само спомениците на Груевски. Подвижна несреќа длабоко е влезена во нашите души. Нечија беда создала општа човечка беда.
И Африка е пред нас!
Поголемиот број држави од целсвет се движат накај доброто. Некои со голема брзина. Ние спаѓаме во малата група на несреќни. Секоја нација е самата ковач на својата среќа или несреќа. Што подолго ја толерираме несреќата тоа повеќе силна станува таа. Денес брз економски развој имаат и едни до недавно бедни држави како што се Намибија, Ангола, Мозамбик, Боцвана, Гана, дури и еден Бангладеш покажува знаци на развој. А Македонија со деценија се движи во погрешна насока. Таа докажувадека под днотоима уште еднодно. Денес во Африка ги имаме и врвните брендови – „Russell Company“, потоа познатиот светски синџир ,,Walmart-Massmart“, гигантите „IBM“ и „Bharti Airtel“, а и многу други светски економски лидери. Паметниот свет,си цел психолошка мобилизација смислил секакви изрази – „економско чудо“, „економски бум“, „економски тигри“, итн. А ние остануваме како збунета желка.
Светска година на неизвесност!
Ова е година на избори во повеќе доминантни светски сили – САД, ЕУ, Индија, Русија, Индонезија, Пакистан, Мексико, Јужна Кореја, Камбоџа итн. Тајванските избори од старт ја избезумија Кина со победата на совранистите. Повеќето од овие избори се дуел меѓу тие што промовираат мир и демократија и тие што практицираат авторитаризам газејќи по принципи на правото и практицирајќи висока корупција. ЕУ со право се тресе од страв, не само поради се посилната нејзина десница, туку и поради можноста Трамп да се врати во Белата куќа. Познато е дека тој е анти-НАТО,и таа организација ја смета за „болен во смртни постела“. Башка што тој за „24 часа“ би се договорил со Путин за Украина!
ЕУ со години не успева да обезбеди свој одбранбен чадор, а и воопшто не е лесно тоа да го прави. Евентуалното маргинализирање на НАТО, подебелиот крај би ја извлекла Европа и ЕУ, особено Финска, трите прибалтички држави и Молдавија. Познато е дека и Балканот е во агендата на ѓаволот. Се повеќе „мрачни сили“ со мрачни умови посакуваат мрак во светот! Бројни водачи маат очи ама не гледат! Имат уши ама не слушаат! Имаат ум ама не мислат!
Светот е се поблиску до уништувачка глобална војна, па оттука и итната потреба за нова маѓународна институционална рамка за да се воспостави глабалниот мир. Тоа претпоставува целосно прекројување на веќе мртвата ОН, каде што нови постојани членки на Советот за безбедност би требало да се вклучат Индија, Германија и Јапонија.