„Договорот од Преспа е меѓународен договор. Јас мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор, дека ќе го смениме законот за спроведување на уставните амандмани, е да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари” – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
“Да се забрза издавањето пасоши, да почне налепниците да се лепат на регистарските таблички. Дајте да се организираме до 12 февруари да завршиме колку можеме повеќе. После на 13 ќе мислиме што останало како проблем и како тоа да го регулираме со грчката страна. Сметам дека некоректно е сега да им испратиме порака на граѓаните – ‘седете вие без грижа, затоа што ние ќе средиме и на крај да им кажеме – не не успеавме’. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа“, рече министерот Османи.