Од први февруари еврото единствена валута во Косово

Сподели

 

Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото, пренесува РСЕ.

Во тој указ се наведува дека ваквата уредба е донесена во согласност со Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на евро валутата за промет на територијата на Косово“.

Регулативата на Централната банка на Косово наведува дека другите валути, освен еврото, можат да се користат во Косово само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки во валути различни од еврото, за вршење меѓународни плаќања во валути кои не се евро и за девизни активности.

РСЕ.