Студија на случај за предметот „Еразмус“ со фокус на сексуална уцена

Сподели

 

Феноменот на сексуална уцена е познат и во нашата држава. Кривичната постапка „Еразмус“ е за примање поткуп и за реалната сексуална уцена сторена од страна на професор од Економскиот факултет во Скопjе.

Во предметот „Еразмус“ осомничени се шест професори, меѓу кои и поранешниот декан на Економскиот факултет, еден асистент од Факултетот и сопственикот на бифето.

Според информации од Обвинителството, групата од осум лица дејствувала организирано и била следена со посебни истражни мерки во текот на 2015 и на 2016 година.

Коруптивните дела за кои постоело сомневање дека се одвиваат на Економскиот факултет се сложени и се одвивале тајно, поради што Обвинителството спровело посебни истражни мерки.

Карактеристично за овој предмет е тоа што обвинетиот Б. Ш., освен пари, барал и сексуални услуги од студентка за да ѝ напише преодна оценка.

По спроведување на сеопфатна истражна постапка и по прибирањето докази во предметот, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во 2016 година, до Основниот суд Скопје 1 –  поднел обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“.

Овоj документ е изработен во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените“, имплементиран од Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), со финансиска поддршка од Шведска, преку Шведската агенциjа за меѓународна развоjна поддршка (СИДА).

Мислењата изразени во оваа публикациjа не ги одразуваат секогаш мислењата на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) и на Шведската агенциjа за меѓународна развоjна поддршка (СИДА).