НA: Се ближи крајот на политичките измамници и манипулатори на чело со Мицкоски

Сподели

 

Се ближи крајот на политичките измамници и манипулатори на чело со Христијан Мицкоски. Граѓаните се подготвени да расчистат со истрошените политичари и корумпираните политички елити кои 30 години ја држат Македонија и македонскиот народ во заложништво, а со цел остварување на своите лични и теснопартиски интереси.

Во вчерашното интревју на ТВ Телма, Мицкоски призна пред целата Македонска јавност дека тој и неговата партија добиле покана да присуствуваат на промоцијата на Данела Арсовска за претседател на Нова Алтернатива. Мицкоски не можејќи да ја сокрие својата омраза кон Арсовска призна дека како диктатор одлучил ниту еден претставник на ВМРО-ДПМНЕ да не се појави на овој свечен настан иако како сите останати партии во Македонија биле уредно поканети.

Мицкоски уште еднаш покажа дека нема никаква политичка култура и дека поседува екстремна суета која не е поткрепена со никакви резултати. Мицкоски ниту еднаш не успеа да го заштити македонскиот народ од штетните политики, напротив тој стана соучесник во уништувањето на македонските национални интереси и во општиот грабеж кој го спроведува во повеќе од 40 општини како власт. Да не заборавиме дека заведен од омразата кон Арсовска
Мицкоски им нареди на своите советници да ја блокираат работата на ЈСП со цел да ги остават скопјани без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плата.

Крајот на политичките измамници е близу на 8-ми мај граѓаните наместо истрошени политичари ќе ја изберат Нова Алтернатива како единствена надеж за суштински промени во Македонија.

соопштение, Нова алтернатива