Виновните за несреќата кај Ласкарци осудени на вкупно 39 години

Сподели

 

39 години затвор добија обвинетите за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во 2019 година во која загинаа 16 лица, а 30 беа тешко повредени.

Возачот на автобусот од компанијата „Дурмо турс“, Маноил Трифуновски е осуден на казна затвор од 14 години, а сопственикот на компанијата, Дурмиш Белули е осуден на казна затвор од 4 години.

Вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски се осудени на 5 години затвор, додека одговорниот за транспорт во фирмата „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари е осуден на 6 години.

Во изречените казни затвор на сите им се засметува и времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода. Сите осудени добија и забрана за вршење на професијата.

„Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска јавност“, рече судијката Дијана Груевска при изрекувањето на пресудата.