ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Сподели

 

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска, поврзано со вербалниот инцидент во скопскиот суд.
 
По добиената пријава, при вршење на својата професија новинарката Рајчевска била вербално нападната од страна на обвинетото лице во судскиот случај „Ласкарци“. 
 
При обидот таа да побара изјава од страна на неговиот адвокат, обвинетиот и упатил пцовки и погрдни зборови со кои ја одвратил од обидот да земе изјава. 
 
Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници се прозорецот кон јавноста и цврсто застануваме во одбрана на нивното достоинство како и нивната безбедност. 
 
Остро ги осудуваме ваквите инциденти кон нашите колеги и во исто време ги охрабруваме да ги пријавуваат за можеме гласно да реагираме и да покажеме поддршка и солидарност, се вели во реакцијата на ЗНМ.