Изложба на Киро Урдин „100 мали слики“ во Брисел

Сподели

 

„100 мали слики“ е насловот на изложбата на нашиот мултимедијален уметник и филмски режисер Киро Урдин отворена во галеријата „Марк Минјау“ во центарот на Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, станува збор за инсталација што ги соединува цртежот и сликарството, која подоцна ќе биде поставена и во изложбени галерии во Њујорк и во Токио.

Изложбата ќе трае до 4 февруари.