До неодамна членот на Галатасарај, потпиша договор со германскиот шампион Баерн Минхен до крајот на сезоната 2027/2028.
Станува збор за младиот 23 годишен фудбалер, французинот Саша Бои, а инсајдерот Фабрицио Романо пренесува дека Галатасарај ги открил деталите од договорот.
Баерн ќе му плати на Бои 30 милиони евра, плус пет милиони можни бонуси.
Турскиот гигант ќе добие процент од идниот трансфер, а овие два клуба ќе одиграат и два пријателски натпревари, од кои 50% отсто од добивката ќе оди за Галатасарај.
Десниот бек кариерата ја започна во Рен, а подоцна како позајмен играч играше за францускиот Дижон. Пред летото 2021 година се пресели во Галатасарај за 1,15 милиони евра.
За турскиот гигант одигра 83 натпревари и постигна 4 гола и 4 асистенции. Оваа сезона забележа 31 настап и постигна два2 гола.
Трансфермаркато неговата вредност ја проценува на 22 милиони евра, а Бои ќе го носи дресот со број 23 во Баерн.
Sacha mit ein paar Worten an euch! #MiaSanMia #FCBayern #ServusSacha pic.twitter.com/j9dnBbVqg2
— FC Bayern München (@FCBayern) January 28, 2024
The post (ВИДЕО) ГОТОВО Е! – Баерн Минхен потпиша со младиот французин за 30 милиони евра! first appeared on .
The post (ВИДЕО) ГОТОВО Е! – Баерн Минхен потпиша со младиот французин за 30 милиони евра! appeared first on .
Powered by WPeMatico