Започнува 6-та сезона на Националната кампања “Ги запознаваме ретките болести”

Сподели

 

Во четврток на 1. февруари започнува шестата сезона на националната кампања “Ги запознаваме ретките болести”.

“Овој февруари ќе се обидеме поблиску да ја запознаеме јавноста со ретките болести од кои заболуваат жителите од охридско-струшкиот регион.

Шестата сезона опфаќа нови 100 ретки дијагнози, на македонски и албански јазик, на кои работеа над 60 професори и доктори.

 

 

Преку кампањата “Ги запознаваме ретките болести” изминатите пет години помогнавме и ги охрабривме многу пациенти и семејства јавно да зборуваат за својата болест. Овој позитивен ефект би сакале да го продолжиме и со новата, шеста, сезона”, информираат од Ретки болести Охрид.