Министерството за економија оваа година ќе доделува финансиска поддршка на преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди, информираше денеска министерот за економија Бектеши.
Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милион евра, со целосно нивно искористување се предвидени над 7.000 ваучери за инвертер-клима уреди.
Зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, што значи намалување на потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и трошоците за енергенси за граѓаните е една од приоритетите на кои сме фокусирани изминатите неколку години.
Огласите ќе бидат објавени утре на веб-страната на Министерството за економија и во печатените медиуми Коха и Слободен печат.
Ќе важи условот прв дојден-прв услужен, информираат од министерството.