Mалолетници монтирале и споделувале фотографии од соученички

Сподели

 

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 6 деца во судир со законот, за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.