Ангелоски на прославата 105 години од основањето на Стопанска комора на Војводина

Сподели

 

Стопанската комора на Војводина прослави 105 години постоење и работа.На свеченоста која се одржа во Конгресниот центар на Новосадскиот саем присуствуваше делегација на Сојуз на стопански комори предводена од претседателот г-дин Трајан Ангелоски.

“Историјата е таа што докажува дека сме можеле да се обединиме низ вековите, бидејќи поединецот, колку и да е успешен, ја нема силата на обединета економија” изјави претседателот на Стопанската комора на Војводина Бошко Вучуревиќ.

,,Во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации со регионот и меѓународно. Да бидеме глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст и економската стабилност на Македонија, партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење”истакна Ангелоски.

 

 

Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите.

Вмрежувањето е клучен сегмент во изградбата на меѓусекторска соработка и интернационализација на бизнисите.

На свеченоста беа доделени награди и признанија на најуспешните компании од областа на земјоделството, индустријата и услугите.