Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, која постојано ќе се ажурира, затоа што граѓаните заслужуваат најдобра услуга, ветуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Платформата за здравствената иднина предвидува комплетна трансформација на здравството и спроведување на регионализација, што е предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира Национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура.
Довербата во здравствениот систем мора да биде вратена. Граѓаните мора да имаат квалитетна здравствена заштита и систем, се наведува во соопштението нас ВМРО-ДПМНЕ.