Премиера на интердицсиплинарниот перформанс Два пати Мери

Сподели

 

Вечерва во Котур Кафе и Филм, ќе се одржи премиерата на перформансот Два пати Мери.

Два пати Мери е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје.

Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од Македонски (и Балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат “мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни.

Перформансот е организиран од Скоро Театар, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и СМАРТ БАЛКАНС – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и реализиран со поддршка и во соработка со Котур Кафе и Филм, каде перформансот ќе ја има својата премиера на 05.02 и реприза на 06.02. Картите се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk. Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова.

Текстот на перформансот е на Натали Спасова а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски а музиката е на Александар Бошков.