Во текот на вчерашниот ден (04.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 711 возачи.
Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.