Ново издание на Државниот архив „Спомени и материјали од НОАВМ“ (1941 – 1945)

Сподели

 

Делото „Спомени и материјали за Националноослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ (1941 – 1945), Сеќавања од учесници во Националноослободителната борба и антифашистичка војна на македонскиот народ во Битола и Битолско“, том 1, книга 2, претставува продолжение на проектот почнат во 2021 година.

Во втората книга се наоѓаат спомените на триесет и шест борци од Битола и Битолско кои претставуваат архивски материјал депониран во Државниот архив – Одделение Битола. Борците биле припадници на Македонското националнослободително и комунистичко движење од кои најголем дел биле политички затвореници. Нивните спомени се презентирани во оригинална форма од страна на редакторите, кои притоа изготвиле вовед за развојот на антиокупаторската борба во Битола и Битолско.

Ова дело пред македонската стручна, научна и поширока јавност ќе понуди нови информации за дејствувањето на припадниците на Македонското националноослободително движење за време на Втората светска војна.