Почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“

Сподели

 

Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“.

На големиот базар ќе земат учество преку 50-тина современи ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии.

Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите љубени уникатни креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Рачно направени колачиња и чоколади, декорирани со свежи цвеќиња во духот на вљубените, кожни аксесоари, накит, љубовни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, рачни везови… Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.

Од 9 до 11 февруари на базарот ќе се претстават малите винарии Томов, Орешкови, винарија Ерос и Агора и ракотворците Love corner, МЕДЕНА, Софија Огњановска – Fosi, AZSU ACCESSORIES, пекара Ваташа, Art Shabby chic-ателје за рачни изработки, VITRUM Studio, Девојчето со книгите, Ателје Сиена, Equilibrium Fine Arts, MORPHO, Кожарска работилница Хорват, Marcy’s handmade, wanderlust_mk, MonkDolls, M&M Luxury Soap Bouquet, Stardust Kejt Rakotvorbi, Шарено ќоше, GLOW Natural, Filigree LARGO,

Еко восочни обвивки и Елена Ристовска.

 Од 12 до 14 базарот е резервиран за малите винарии „Киево“ и „Несторовци“ и за артизаните Ignea eco aroma cosmetics, DaMa Chocolate Art, Epoxy handmade by clay, Бибер и Ванила, BEAUTY OILS, MH CandleCo, БалонТвистер, Весна Зафировска, ARTNOK, Pika.Jesmonite, Love corner, Panooramixx Leathersmith, Coral Jewelry, Катарина Дода, Small piece of joy, МАТРЈОШКА, пекара Ваташа, Креативно студио Алегра, Cariño handmade gifts and accessories, Добро ми стои, STUDIO 23, ArtStudioPleni, Студио Кристина и Јуник корнер.

Деликатно направениот избор на учесници ќе го доразубави просторот во Скопје Сити Мол, како поддршка на модерните занаетчии и малите винарии.