На 10.02.2024 во 21.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Х.(23) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 08.00 часот на Граничниот премин Меѓународен aеродром-Скопје, бил приведен Д.Д.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 10.02.2024 во 01.00 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“ при излез од државата при извршена контрола на патничко моторно „бмв“ управувано од К.М.(62) од Р.Грција констатирано било дека истакнати биле регистарски таблички со грчки национални ознаки, кои се издадени за друго патничко возило „бмв“, а на увид дал и сообраќајна дозвола што не одговара со карактеристиките на возилото кое го управува. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 ст.3 по што е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Денеска (11.02.2024) во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.02.2024 во 23.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес–Градско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.А.(25) од с.Црквино-велешко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Г.С.(25) од с.Богомила и Б.П.(18) од Велес, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 87 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол…
На 10.02.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром И.И.(22) од Скопје, пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, била касната од куче скитник.