Концерт „Љубов,страст – фламенко!“ во Националната филхармнија

Сподели

 

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, со наслов „Љубов, страст –  фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко-изведувачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, Де Фаља и Гинастера.

Како што информираат од Филхармонијата, оваа  година традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветувaaт  на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо фламенко.