Максим Димитриевски е кандидат за претседател на ЗНАМ

Сподели

 

Максим Димитериевски е кандидатот за претседател на Македонија на Движењето „ЗНАМ – за наша Македонија“ на претстојните претседателски избори, соопшти портпаролот на партијата, Никола Мемов, на денешната прес-конференција.

Граѓанското движење прерасна во нова политичка сила во Македонија

На 9 Октомври 2023 година, во Скопје, водени од лошата политичка, економска и социјална криза во која е доведена наша Македонија, претседатели на 10 граѓански здруженија се одважија и заедно со граѓаните на Македонија и идејниот творец на граѓанскиот концепт и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски потпишаа иницијативата за формирање на нов политички субјект, “Движење ЗНАМ – За наша Македонија”. Со тоа, граѓанското движење прерасна во нов политички субјект со реален граѓански концепт во своите фундаментални вредности.

Програмските цели на партијата се:

  • Изградба на независна, самостојна, демократска и граѓанска држава;
  • Уживање и почитување на човековите права и слободи, без оглед навера, раса, етничка припадност, род, сексуална ориентација, политичко убедување и социјален статус;
  • Заштита на достоинството и историското и културно наследство на македонскиот народ;
  • Почитување на правата на етничките заедници;
  • Владеење на правото како темелен принцип на политичкиот систем;
  • Менување на постоечката состојба во државата и посветена борба против непотизмот, корупцијата и организираниот криминал;
  • Темелни реформи за независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем;
  • Напредуање и јакнење на демократскиот капацитет на институциите;
  • Рационализација и јакнење на демократскиот капацитет и
    ефикасноста на институциите;
  • Заштита и гарантирање на личната сопственост;
  • Развој на слободен пазар и поттикнување на претприемаштвото;
  • Заложби за слободата на говор и слободни, независни медиуми;
  • Социјално праведна и одговорна држава;
  • Афирмација на родовата еднаквост;
  • Развој на културата, образованието, науката и спортот;
  • Посебна заштита на децата и семејни вредности;
  • Децентрализација на државата и јакнење на локалната самоуправа;
  • Заштита и зачувување на животната средина;
  • Зачленување на државата во Европската унија иградење на пријателство и негување на добрососедски односи.

Програмските цели на партијата сеопфатно и детално се разработуваат во Програмата на партијата.