Избрани се органите и телата на партијата Движењето ЗНАМ

Сподели

 

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на 22 февруари 2024 година го одржа Првиот Конгрес, на кој беа избрани органите и телата на партијата. На Првиот Конгрес се избраа членовите на Централниот одбор и членовите на Надзорниот одбор. Потоа, на првата седница на Централниот одбор, од нивниот состав се избраа потпретседателитеГенерален секретарчленови на извршниот одбор, Претседавач на Централниот одбор и на крајот, се назначи шеф на Централниот изборен штаб.

Делегатите  за Претседател го избраа Максим Димитриевски, кој беше утврден и како кандидат за Претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за претстојните претседателски избори.

За потпреседатели на партијата беа избрани д-р Павле Арсоски, доктор по историски науки, генерал мајор во пензија, од Скопје и Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешен пратеник цо Собранието на РМ од Битола.

За генерален секретар на партијата е избран Горан Минчев, дипломиран економист од Скопје, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата

За Организациски секретар е избран Сашо Петрушевскидипломиран машински инженер од Куманово.

Игор Филков, дипломиран правник од Скопје, приватен стопанственик и член на Централниот одбор, е избран за Претседавач на Централниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

Извршниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија е во состав:

  1. Игор Филков, роден 1979 година, дипломиран правник, приватен стопанственик, од Скопје
  2. Виктор Јовановски, роден 1972 година, менаџер и приватен стопанственик, од Скопје
  3. Марин Алексов, роден 1986 година, Факултет за безбедност, вработен во приватен сектор, од Скопје
  4. Доц. д-р Атанско Тунески, роден 1965 година во Прилеп. доктор по технички науки, редовен професор на Машински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, од Скопје
  5. Ивана Ѓорѓиевска, родена 1973 година, филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, претседател на Советот на општина Куманово, во Куманово
  6. Доц. д-р Јасмин Циривири. роден 1962 година, специјалист-ортопед, вонреден професор и началник на хируршки одделенија во ГОБ 8-ми Септември, од Скопје
  7. Проф. д-р Бобан Карапејовски, роден 1987 година, доктор по хуманистички науки (македонски јазик и лингвистика), професор на катедрата за македонски јазик на катедрата на филиошкиот факултет Блаже Конески во Скопје , од Тетово
  8. Проф. д-р Катерина Тодороска, родена 1963 година, во Прилеп, редовен професор, вработена во Институт за национална историја, Центар, од Скопје
  9. м-р Радослав Настасијевиќ Варџиски, роден 1987 година, магистер по маркетинг менаџмент, експерт за маркетинг и стратегии, од Куманово
  10. Соња Ѓорѓиоска родена 1962 година, доктор специјалист офталмолог, ПЗУ, од Гостивар
  11. Ристо Николовски роден 1960 година, дипломиран правник, адвокат, од Прилеп
  12. Марјан Младенов роден 1985 година, дипломиран економист, менаџер за лекари за Источна Македонија-Стручен соработник, од Струмица
  13. м-р Виктор Ванкоски роден 1992 година, магистер по казнено право од Охрид
  14. Јасминка Петковска родена1982 година, дипломиран политиколог, вработена во Министерството за животна средина и просторно планирање, од Скопје.

Централниот одбор го назначи  Горан Минчев, Генерален секретар на партијата да биде Шеф на централниот изборен штаб за претстојните претседателските и парламентарни избори.