Францускиот репрезентативец Пол Погба е суспендиран на четири години поради допинг.
Ова многу лесно може да значи крај на кариерата за прославениот фудбалер кој на 15 март ќе го прослави својот 31 роденден.
Погба го одигра својот последен натпревар во септември 2023 година против Емполи.
Набргу по тој меч во јавноста стигна информација дека Французинот паднал на допинг тест, а потоа и веста дека е под истрага.
Во октомври беше потврдено дека неговиот тест е позитивен.
„Само е сигурно дека Пол Погба никогаш не сакал да ги прекрши правилата“, изјави тогаш Рафаела Пименто, менаџерката на играчот.
Тој се појави пред судот на 18 јануари, а повеќе од еден месец подоцна беше донесена одлука, која ја објави познатата „Ла Република“.
Погба ја започна сениорската кариера во Манчестер Јунајтед како млад фудбалер.
Веќе во 2012 како деветнаесетгодишник замина во Јувентус. Неколку сезони подоцна неговото заминување од Јунајтед без отштета беше прогласено како едно од најголемите грешки во кариерата на легендарниот Алекс Фергусон.
По шест години „црвените ѓаволи“ јавно ја признаа грешката и платија 105 милиони евра за враќање на играчот од средниот ред.
Враќањето во Торино следеше во 2022 година.
Кариерата на Погба ја одбележаа бројни повреди, а ја красат и трофеи, меѓу кои се издвојува титулата на СП 2018 во Русија.
Тој беше стрелец во финалето во Москва против Хрватска….
Stop that Paul Pogba. pic.twitter.com/7PLS1MiFp0
— Stop That Football (@stopthatfooty) February 29, 2024
„Лекип“ претходно изјави дека Јувентус одлучил да го отстрани Погба од тимот. Исто така му забрани пристап до тренинг центарот и било каков контакт со луѓето кои работат во клубот.
Платата му е „замрзната“ до понатамошно известување, а наводно ќе му бидат исплатени само 42.500 евра од 8-те милиони колку што е неговата годишна плата.
Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е суспендиран на еден натпревар поради непримерен гест кон навивачите на Ал Шабаб.
Ал Наср го победи Ал Шабаб со 3-2 во неделата. Потоа се појавија снимки на кои се гледа како Роналдо се свртува кон домашните навивачи и прави недолични гестови додека од трибините се слушаат скандирања „Меси, Меси“.
Дисциплинската и етичкиот комитет на фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија, исто така, го казни Роналдо со 20.000 саудиски риали (5.333 долари).
Поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед нема право на жалба на оваа казна.
Роналдо ќе го пропушти следниот натпревар од саудиската лига против Ал Хазим.
The post (ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА?! – Погба предвреме заминува во пензија, Роналдо суспендиран! first appeared on .
The post (ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА?! – Погба предвреме заминува во пензија, Роналдо суспендиран! appeared first on .
Powered by WPeMatico