Македонските жени во ретката периодика

Сподели

 

По повод 8 Март, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 11 часот ексклузивно ќе биде прикажана дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“.

Авторки на изложбата се д-р Марина Мијаковска и Милица Ивановска. Весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од
Македонија“е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во „Просветена жена“, „Жена“ и „Жена нова“.

Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки.