Тимот од скопската населба Ѓорче Петров, Македонија ЃП од денеска има нов тренер.
Станува збор за добро познато име во македонскиот фудбал во ликот и делото на легендарниот играч и поранешен тренер на Вардар, Бобан Грнчаров.
Информаницата ја потврди и клубот по што Грнчаров е именуван за нов шеф на стручниот штаб.
Тој ќе го замени Тони Џангаровски кој се раздели со клубот по поразот од (1-2) од Воска Спорт на домашен терен минатото коло.
Бобан Грнчаров со тимот на Вардар успеа минатата сезона да го врати најтрофејниот клуб во Македонија во прволигашкото друштво.
Но, сега ќе има слична задача, да се обиде да ја спаси екипата на Македонија ЃП од опасната зона и да обезбеди опстанок во елитата.
Бобан Грнчаров ќе дебитира утре, на гостувањето кај актуелниот шампион Струга Трим Лум.
The post (ФОТО) Легендата на Вардар ќе ја спасува Македонија ЃП од испаѓање во понизок ранк! first appeared on .
The post (ФОТО) Легендата на Вардар ќе ја спасува Македонија ЃП од испаѓање во понизок ранк! appeared first on .
Powered by WPeMatico