47-годишниот Петровски беше повеќекратен македонски бодибилдинг и фитнес шампион, а воедно долги години работеше и како професионален инструктор.
Беше личен тренер на многу познати личности од нашата земја и претставуваше вистински симбол на овој спорт, како кај нас, така и во регионот.
Причината за смртта се уште не е позната.
На социјалните мрежи веќе се простуваат од билдерот.