Личните карти ќе се подигаат од полициските станици во месноста каде живеете

Сподели

 

Од понеделник, 11. март започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта, информираат от МВР.

Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

Оваа постапка следува, откако анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, додаваат од МВР.